Утрински Весник
Македонија

Во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на ГАК

Во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на ГАК

Од денеска е во функција целосно реновираната ургентна амбуланта на Клиниката за гинекологија и акушерство, којашто дневно опслужува 50-60 жени коишто доаѓаат за различни ургентни состојби во областа на гинекологијата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој дополни дека амбулантата е опремена со нови ЦТГ апарати, односно апарати со коишто се регистрира срцевата активност кај бебињата, нов стол и сега амбулантата има пријатен амбиент да ја пружа соодветна здравствена услуга.

„ Дополнително на тоа, веќе неколку месеци во функција е амбулантата за медикаментозен абортус. Со измената во Законот за здравствена заштита, оваа опција сега им се нуди на жените и волјата на жената е ставена на прво место. Изминативе месеци околу 150 жени имале медикаментозен абортус, а 90 стандардна оперативна процедура. Тоа значи дека кај 150 жени согласно индикацијата е избегната оперативната процедура и давањето на анестезијата, што е една значајна придобивка поради тоа што се избегнуваат сите ризици коишто се поврзуваат со оваа интервенција“ рече Филипче.

Тој денеска ја посети Клиниката за ГАК каде истакна дека со реновирањето и унапредувањето на услугите на ГАК, со поставената нова опрема, инкубаторите и новите респиратори вклучувајќи ги и високофреквентните, евидентни се бројките коишто укажуваат на подобрување на сите резултати што се однесува до давањето на здравствена услуга во овој дел.

„ Клиниката за гинекологија и акушерство е институција којашто во целокупниот изминат период најпрво го менаџираше третманот на жените, родилките коишто беа позитивни на коронавирусот со целосно изолирани делови во делот на третманот, интензивното лекување и операциони сали. Се истакнуваат со години наназад со својата експертиза, знаење и менаџирање на целокупниот процес што се однесува на мајчиното здравје, здравјето на бебињата од најраните денови, првите денови на животот што се манифестира како еден успех препознаен и од меѓународни институции, а тоа е преполовувањето на новороденечката смртност за период од две години. Таков резултат нема ниту една земја во светот, заслужува секаква пофалба и честитки и за менаџерскиот тим на чело со директорката и целокупниот стручен колегиум“ кажа министерот Филипче.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа