Утрински Весник
Македонија

Гостиварец по телефон повикал познаник на игралиште и го претепал

Гостиварец по телефон повикал познаник на игралиште и го претепал

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – насилство.

Како што информираат од обвинителството, 25-годишникот на 31 јануари годинава, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на едно лице вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв.

Имено, гостиварецот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат на игралиштето во населба Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото.

Потоа обвинетиот насилно го внел човекот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка.

Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот.
Но и покрај тоа што таткото на 25-годишникот се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира човекто.

Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со повреди, успеал да избега од самото место.

Можете да прочитате

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”