Утрински Весник
Свет

Хрват осуден на доживотен затвор во Милано- Пушел хашиш, а потоа палел цигари по телото на неговиот двегодишен син

Хрват осуден на доживотен затвор во Милано- Пушел хашиш, а потоа палел цигари по телото на неговиот двегодишен  син

Алија Хрустиќ, по потекло од северозападна Хрватска, беше осуден на доживотен затвор во Милано со девет месеци во самица за убиството на неговиот двегодишен син Мехмет, кој неуморно плачел цела ноќ и го тепал и мачел додека му ја гори кожата на телото со отпушоци од цигари, објавија регионалните медиуми.

Казната ја има изречено судскиот совет на првостепениот суд во Милано, истовремено, според судската одлука, тој ќе биде протеран од Италија кога сите услови ќе бидат исполнети во договор со Хрватска.

Што се однесува до измачувањето, ова, според италијанските медиуми е прв ваков случај во Италија од областа на семејното насилство.

Хрустиќ палел цигара и користел отпушоци од цигари по телото на неговото дете чиј плач бил премногу силен. Во еден момент на тотална беспомошност и болка, момчето заспа во сон засекогаш, наведуваат медиумите.

Три часа подоцна, Хрустиќ го повикал бројот 112 и извикал: „Помогнете, мојот син не дише“. Но, пред да пристигне брзата помош, тој побегнал со своите ќерки. Тој се скрил во куќата на свој познаник, но неколку часа подоцна бил пронајден и уапсен. Во меѓувреме, неговата бремена сопруга неутешно го држела и го гушкала безживотното тело на нејзиниот син пред болничарите.

За време на судската постапка, Хрустиќ се обидел да ја префрли вината на неговата жена.

„Јас навистина го удрив, но не тешко. Всушност, го гризнав, но не тешко. И го удрив во окото и му изгаснав цигари по телото“ се бранел обвинетиот во судницата.

Тој исто така изјавил дека, „кога пушел хашиш, имал лоши напади“.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking