Утрински Весник
Македонија

На Табановце се чека 40 минути за влез во Македонија

На Табановце се чека 40 минути за влез во Македонија

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

За излегување од Македонија, пак, на ГП Богородица, има колони возила – и патнички и товарни. Сепак, долги задржувања нема, иако се чека нешто подолго од вообичаено, веројатно поради контролата на документите за патување поврзани со правилата за заштита од Kовид-19.

На ГП Меџитлија нема ниту колони, ниту застој. Задржувања нема ниту на Ќафасан кон Албанија и Деве Баир кон Бугарија.

Можете да прочитате

Ахмети во Брвеница: Македонија не им припаѓа ниту на Христијан ниту на Црвенковски, туку на домородните Албанци

Денес на Комисија Предлог-законот на Левица за државата да преземе дел од станбениот долг на семејствата

Брвеница, Алта банка и предвремени избори: Дали Македонија влегува во нова политичка неизвесност?