Утрински Весник
Македонија

Битолчанец и охриѓанец си ги кршеле автомобилите поради недоразбирање во сообраќајот

Битолчанец и охриѓанец си ги кршеле автомобилите поради недоразбирање во сообраќајот

Охридската полиција, вчера напладне во Охрид привела 28-годишник од Битола, со иницијали В.Ѓ, поради тоа што претходно истиот ден, по вербална расправија поради недоразбирање во сообраќајот, физички ги нападнал Љ.З.(38) и Љ.Н.(63), двајцата од Охрид.

Според пријавеното, при нападот тој употребил тврд предмет, притоа оштетувајќи го возилото кое го управувал Љ.З., а им се заканувал и со остар предмет, по што Љ.З. со тврд предмет го оштетил возилото и на пријавениот.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ

Малолетници нема да смеат да возат електрични тротинети, поднесени се законски измени