Утрински Весник
Македонија

Хрватска ѝ донира на Македонија 10.000 вакцини од „Астразенека“

Хрватска ѝ донира на Македонија 10.000 вакцини од „Астразенека“

Хрватска ѝ донира на Македонија 10.000 вакцини од производителот „Астразенека“, а според најавите од Владата на Хрватска во знак на пријателство во најскоро време ќе пристигнат и дополнително 20.000 дози на вакцини.

„Непосреден повод за нашата средба беше еден убав навистина пријателски чин, а тоа е донацијата на вакцини од страна на Република Хрватска кои веќе стигнаа во нашата земја, 10.000 вакцини на ‘Астразенека’ во текот на вчерашниот ден и кои веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата. Хрватската Влада донесе уште една одлука, да донира дополнителни 20.000 вакцини кои ќе бидат или од производителот ‘Астразенека’ или од производителот ‘Модерна’, што би било и прва вакцина која ќе пристигне од овој производител во нашата земја“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче по средбата со хрватскиот министер за надворешни работи, Грлиќ Радман.

Тој додаде дека во овој момент во нашата држава има доволно вакцини за спроведување на процесот на имунизација.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)