Утрински Весник
Свет

(Видео) Град во Канада целосно уништен од пожар по рекордните температури

(Видео) Град во Канада целосно уништен од пожар по рекордните температури

По рекордните температури, канадскиот град Литон е речиси целосно уништен од пожар.

Градоначалникот на Литон претходно нареди евакуација на луѓето, велејќи дека пламенот се проширил на едно место за само 15 минути.

Escape from ‘Q’emcin aka Lytton part 2 from 2 Rivers Remix Society on Vimeo.

Во огнената стихија, изгореа 90 проценти од градот, каде што беа регистрирани 49,6 степени – највисоката температура измерена некогаш во Канада. Пожарот целосно го уништил центарот на градот, место во Британска Колумбија, и предизвикал огромни оштетувања на околната критична инфраструктура.

Експертите велат дека климатските промени се очекува да ја зголемат зачестеноста на екстремни временски настани, како што се топлотните бранови.

Можете да прочитате

Русија нападнаа три товарни брода во и околу три украински пристаништа на Црното Море

Турција испрати предлог за безбедни поморски рути за руските и украинските бродови

Путин: Земјите од ЗНД поддржуваат праведен мултиполарен светски поредок заснован на меѓународното право