Утрински Весник
Спорт

Атлетичарка бремена во 5. месец скока во височина, фрла ѓуле, трча на 800 метри

Атлетичарка бремена во 5. месец скока во височина, фрла ѓуле, трча на 800 метри

Американската атлетичарка Линдзи Шварц-Флах (31) се натпреварувала на националните квалификации за Олимписките игри. Не би било ништо необично во нејзиниот случај доколку таа не се наоѓа во петтиот месец од бременоста.

Го привлече вниманието на јавноста во САД откако се појави на атлетските борилишта со видлив труднички стомак, затоа што веќе 18 недели е во блажена состојба.

Седмобојката фрлаше ѓуле, скокаше во височина, но не успеа да ја заврши трката на 800 метри.

„Тајната веќе не е такна. Најважно ми е бебето и јас да сме здрави. Повраќав скоро 12 недели, што ми влијаеше на тренинзите. Сепак знаев дека ќе мора да сум многу внимателна“ напиша Линдзи минатата недела на Инстаграм.

Дел од американската јавност застана на страна на идната мајка и ја пофали поради упорноста, додека многумина испратија критики на нејзина сметка.

View this post on Instagram

A post shared by Lindsay Schwartz Flach (@lcschwartz22)

> Атлетичарка бремена во 5. месец скока во височина, фрла ѓуле, трча на 800 метри <

Можете да прочитате

Мурињо го коментираше поразот од Порто

Роналдо бил најплатениот спортист во 2025 година

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд