Утрински Весник
Македонија

Во образование и здравство пензионирањето може да се одложи до 67 години

Во образование и здравство пензионирањето може да се одложи до 67 години

Продолжување на работниот однос до возраст од 67 години е можно, но само за дефицитарните кадри во здравството, високото образование и научно истражувачката дејност и тоа под строго дефинирани критериуми и постапки. Ова го истакна пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска, на прес-конференција.

„Со овој закон, кој ќе се применува од 30 јуни идната година се отвора можност за вработување на младите, но и се намалува бројноста во администрацијата“, рече Лазаревска.

Пратениците во Собранието неделава ги изгласаа измените на Законот за работни односи, со што се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст.

 

 

Можете да прочитате

Еден час се чека за влез во Грција преку „Богородица“

Три нови случаи на западнонилска треска – прв случај регистриран и во Арачиново

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден