Утрински Весник
Македонија

Приведен тетовски дилер, полицијата заплени кокаин и марихуана

Приведен тетовски дилер, полицијата заплени кокаин и марихуана

Тетовоската полиција денеска извршила претрес во дом на 20-годишен тетовец со иницијали Ф.М. на улицата 146 во Тетово.

Како што информираат од МВР, при претресот реализиран со судска наредба, пронајдени биле 5 пакувања кокаин, 1 пакување марихуана и дигитална вага.

Ф.М. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица Тетово.

По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен поднесок за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Можете да прочитате

Три нови случаи на западнонилска треска – прв случај регистриран и во Арачиново

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден

Мицкоски утре на увид на изградба на фекална канализација во Идризово