Утрински Весник
Спорт

Мициќ ќе остане во Ефес

Мициќ ќе остане во Ефес

Српскиот репрезентативец, Василије Мициќ, го продолжил договорот со актуелниот европски првак, Анадолу Ефес. Најкорисниот играч во Евролигата, се поврзуваше со трансфер во НБА лигата, во Оклахома сити Тандер, меѓутоа решил да потпише три годишен договор со Анадолу Ефес, објави „Јурохупс“.

Мициќ, зад себе има брилијантна сезона, во Евролигата во просек по натпревар бележеше 16,3 поени и 4,8 асистенции. Беше прогласен за МВП на сезоната и МВП на завршниот турнир.

Според „Јурохупс“, Ефес на Мициќ му го понудиле еден од најголемите договори во историјата на европската кошарка.

Во кариерата српскиот кошаркар играл за Мега, Баерн Минхен, Тофаш, Црвена звезда и Жалгирис.

> Мициќ ќе остане во Ефес <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ