Утрински Весник
Македонија

Притвор за дилери од Велес, фатени додека продавале 93 грама хероин

Притвор за дилери од Велес, фатени додека продавале 93 грама хероин

Обвинителството во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 51 и 41 година, поради постоење на основано сомневање за кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Двајцата осомничени на 29.06.2021 година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички договор неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – хероин во количина од 93,09 грама. Еден од нив договорил преземање на дрогата од лице од Скопје и му дал на другиот осомничен пари во износ од 55.000,00 денари за да ја преземе дрогата кај м.в. Штипска петља. Откако тој ја донел дрогата во викендичката, осомничените заедно започнале да ја препакуваат во помали пакувања, за што користеле дигитална вага. Во моментот кога започнале со препакување на наркотичната дрога, пријавените се затекнати од страна на овластени полициски службеници од СВР Велес кои извршиле претрес во викендичката.

Јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот на обвинителството е прифатен, по што Судот на осомничените со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.​

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија