Утрински Весник
Македонија

Заев од Дебар: Минималната и просечната плата за 4 години ги зголемивме за околу 6.000 денари

Заев од Дебар: Минималната и просечната плата за 4 години ги зголемивме за околу 6.000 денари

За овие четири години, СДСМ презеде низа одлучни чекори кои донесоа еднаквост, интеграција, напредок, но и подобар економски стандард за сите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Дебар.

„Заборавивме дека пред четири години минималната плата беше 9.000 денари, беше потценета, денес таа е 15.284 денари, тоа е минимална плата, но таа минимална плата направи притисок за покачување на сите плати. Просечната плата од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари. И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму, како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните. Денеска Северна Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот“, рече Заев.

Тој се осврна и на странските инвестции и нивната улога во растот на економијата и намалувањето на стапката на невработеност.

„Имаме 34 инвестиции, компании од сите индустрии кои отворија свои капацитети овде ширум државата. Во моментов, преговараме со 30 нови компании кои отвораат над 15.000 работни места. Кога ја презедовме власта стапката на невработеност беше 26 отсто, денес таа изнесува 16 отсто и правиме се за уште повеќе да се намали и се надевам дека уште оваа есен ќе имаме капацитетност на сите млади да им понудиме веднаш да тргнат на работа“ посочи Заев додавајќи дека и во време на коронакризата, работните места биле зачувани, платите не се намалиле туку напротив, како што рече растеле, а пензиите според Заев се исплатувале дури и пред време.

Можете да прочитате

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум

ВМРО-ДМПНЕ: СДС и Спасовски цели 8 години не успеаја да се справат со криминалните банди во Македонија, заврши времето на „како до сега”

Мицкоски: Го осудувам сквернавењето на македонското знаме, предупредивме дека вакво нешто ќе се случува