Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Коке: Што помалку време топката е кај Хрватите, подобро за нас!

Коке: Што помалку време топката е кај Хрватите, подобро за нас!
300x250 opst2

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике и играчот од средниот ред, Коке попладнево на последната прес-конференција пред утрешниот осминафинален двобој со Хрватска на ЕУРО 2020 јасно укажаа на тоа дека посебна внимателност треба да се посвети кон играта на Лука Модриќ. Сепак, нагласија и дека отсуството на Перишиќ им оди во прилог.

„Голем губиток е тоа за Хрватска, тој игра на највисоко можно ниво. Верувам дека останатите хрватски фудбалери достојно ќе го заменат. Модриќ, пак, постигна големи работи со Реал Мадрид и со репрезентацијата. Ќе биде тоа прекрасна битка на средината на теренот. Модриќ е најдобриот играч од среден ред кој го има Хрватска, но нема да игра само тој. Цела екипа е опасна. Посебно ќе внимаваме што Модриќ ја удира топката со `надворешна`. Што помалку време топката е кај Хрватите, подобро за нас!“ – рече Коке.

> Коке: Што помалку време топката е кај Хрватите, подобро за нас! <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент