Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло со локална облачност

Утре сончево и топло со локална облачност

Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

И во наредните денови, според УХМР продолжува периодот на сончево и многу топло време. Од вторник повторно со температури до 40-тиот степен. Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот

Финансиска полиција: Пронајдени 350.000 евра во таен простор во Неготино при извршен претрес на дом

РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици