Утрински Весник
Свет

Британскиот началник на Генералштаб: Можеше да дојде до војна со Русија

Британскиот началник на Генералштаб: Можеше да дојде до војна со Русија

Шефот на британскиот Генералштаб признава дека инцидентот со разурнувачот „Дефендер“ во Црното Море можел да создаде ризик од „неразумна ескалација“, пренесуват британските агенции.

Генералот сер Николас Картер изјавил дека можна погрешна проценка во играта „мачка и глушец“ со Русија можела да доведе до „војна во нејзин целосен обем“.

„Она што ме држи буден ноќе е (можната) погрешна проценка. „Ситуацијата што ја забележавме на Црното Море во средата е еден од случаите што може да предизвикаат таква грешка“, рече Картер, пренесуваат британските медиуми.

Можете да прочитате

Пожар уништи клуб во германскиот град Кел, нема тешко повредени

Забраната за социјални мрежи за тинејџери се соочува со правни пречки

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети