Утрински Весник
Македонија

Обвинителката Фетаи повредена во сообраќајка во скопски Чаир

Обвинителката Фетаи повредена во сообраќајка во скопски Чаир

Обвинителката Фатиме Фетаи е повредена откако синоќа околу полноќ имала сообраќајна несреќа во скопски Чаир. Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ на обвинителката и биле констатирани лесни повреди. Возачот кој го управувал другото возило, немал никакви повреди и не бил пренесен во болница.

„На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на улиците Македонско Косовска и Џон Кенеди се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘сеат ибица’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило ‘фолксваген поло’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Фетаи била пуштена од болница, веднаш по прегледите.

Нема информација како дошло до сообраќајната несреќа. Познато е само дека освен повредите на Фетаи, причинета е и материјална штета.

Можете да прочитате

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус

Македонија отвора амбасада во Вилнус – нов чекор во стратешкото партнерство со Литванија