Утрински Весник
Свет

Се стравува дека 300 мигранти се удавиле кај брегот на Јемен

Се стравува дека 300 мигранти се удавиле кај брегот на Јемен

Претставник на ОН денеска изјави дека е можно околу 300 мигранти да се удавиле откако нивниот брод се превртел во близина на брегот на Јемен, што укажува на ризиците од миграција од Рогот на Африка кон богатите заливски земји во потрага по работа.

Претставникот на ОН и хуманитарен координатор Дејвид Гресли изјави дека мигрантската криза создава уште поголем притисок во веќе опасната ситуација во Јемен, што доведе до хуманитарни проблеми, објави „Ројтерс“.

На почетокот на овој месец, голем број тела се појавија на брегот Рас ал-Арах во Црвеното Море кај Јемен, откако нивниот брод се превртел на отворено море.

Можете да прочитате

Хакери ја зголемија температурата на фрижидерите во над 70 продавници во Белгија, Луксембург и Шведска

Прин: Насилството на улиците покажува дека треба да се подобри интеграцијата на мигрантите во Германија

Пад на цените на нафтата по сигналите за можно дипломатско решавање на војната против Иран