Утрински Весник
Свет

Хренин: Белорусија стана место каде се одвива битка за руското богатство

Хренин: Белорусија стана место каде се одвива битка за руското богатство

Во тек е нова прераспределба на светот, а Белорусија стана бојно поле каде се одвива битка за руското богатство, изјави министерот за одбрана на Белорусија, Виктор Хренин, зборувајќи на Конференцијата за безбедност во Москва.

„Маските паднаа, јасно можеме да видиме дека во тек е нова прераспределба на светот. „Јасно ни е дека Белорусија, како и секоја друга земја, е само пион во големата игра за ново рестартирање – место каде се одвива битката за руското богатство“, рече тој.

Хренин истакна дека нема да ја остави Белорусија сама додека трае таа борба за контрола на планетата.

„Нашето мислење е дека во светот се одвива прокси-војна за идниот модел на светскиот поредок меѓу транснационалните и националните елити. Сите што ги влечат конците се обидуваат на секој начин да останат во сенка, сепак полесно е да се забележат“, рече тој.

„Можеме да предвидиме со голема веројатност дека постпандемискиот период ќе биде обележан со уште посилна борба“, додаде министерот за одбрана.

Тој исто така истакна дека пандемијата на коронавирусот ја погоди целата планета на таков начин што се создаде хаос – беа воведени блокади и со тоа беа направени огромни штети на националните економии.

„Граѓаните престанаа да им веруваат на властите, живеејќи во страв од сопствената иднина. Погледнете што се случува – луѓето излегуваат на улиците низ целиот свет. Антивладини протести се забележани на сите континенти, а бран обоени револуции го зафати целиот постсоветски простор“, нагласи тој.

Хренин предупреди и дека е уништена архитектурата на меѓународните договори за глобална безбедност и контрола на оружјето, наведувајќи ги како пример Договорот за отворено небо и Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел.

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија