Утрински Весник
Македонија

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и сл.) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните.

„ Со оглед на тоа што минатата година поради пандемијата и рестриктивните мерки голем број на граѓани не ги обновија личните документи, а дел пак, не можеа да ги продолжат поради затворените граници, Народниот правобранител смета дека надлежното Министерство требаше да предвиди ваква ситуација и следствено да го прилагоди работењето“ соопшти Народниот правобранител.

Тој го смета за несоодветно менувањето на системот, токму во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи, и како што наведува, претставува повреда на правата на граѓаните.

Поради тоа Народниот правобранител по сопствена иницијтива ќе ги испита евентуалните пропусти во работењето на надлежните служби во Министерството за внатрешни работи, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните. Истовремено, Народниот правобранител бара Министерството за внатрешни работи во делокруг на своето работење да испита зошто граѓаните се доведени во ваква ситуација и да утврди одговорност за евентуалниот пропуст на службите.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен