Поради инвазијата на пајаци, делови од Џипсланд во југоисточна Австралија се покриени со пајакови мрежи, додека пајаците се обидуваат да избегаат од поплавата.
После поплавите на почетокот на јуни, „море од свила“ ја покри областа на државата Викторија, рече универзитетскиот професор Дитер Хокули.
The Australian region of Gippsland has encountered a phenomenon known as ballooning, in which spiders move to higher ground after heavy rains and flooding https://t.co/WaXoAac5TZ pic.twitter.com/YkpCUgKTZD
— CNN (@CNN) June 19, 2021
„Кога ќе нè погоди толку силен дожд и поплави, а оние животни кои вообичаено живеат на земјата не можат да преживеат таму, тие го прават истото како и ние, се селат на височини“, рече Хокули, шеф на групата за интегративна екологија, беше објаснето на локалната телевизија на Универзитетот во Сиднеј.
На овие пајаци мрежите им служат како падобрани и го користат ветерот за движење, вели тој.
Австралијците во руралните области беа погодени од голем број катастрофи во последните неколку години.
Долгата суша беше проследена со огромни шумски пожари кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, проследени со поројни дождови и поплави, како и бројни штети во неколку региони.