Утрински Весник
Култура

В петок почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм

В петок почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм

Од 25 јуни почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија и ќе трае три дена, до 27 јуни, под мотото „Повторно влегуваме во наш филм“.

„Златна рамка“, претставува можност, македонската публика да ги погледне сите филмови кои беа реализирани изминатата, 2020 година, во мнозинска продукција, поддржани од Агенцијата за филм.

Филмовите за прв пат годинава ќе бидат прикажани на две локации МКЦ – Кино „Фросина“ и Кинотека на С. Македонија, кино „Мирно лето“.

Сите проекции на документарни, краткометражни и долгометражни филмови се бесплатни, а по секоја проекција, публиката ќе има можност да ја запознае екипата која работела на филмот и да учествува во отворена дискусија.

Партнери на манифестацијата покрај организаторот ДФРМ се: Агенција за филм, МКЦ, а од оваа година се приклучуваат и Кинотека на С. Македонија – кино „Мирно лето“, EU House (ЕУ Хаус) и националната телевизија – МРТВ.

Текстот В петок почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“