Утрински Весник
Свет

Анализа: Колку се ефикасни вакцините против „делта“ сојот на коронавирус?

Анализа: Колку се ефикасни вакцините против „делта“ сојот на коронавирус?

„Делта“ сојот на коронавирусот наскоро би можел да стане доминантен вид во светот, сметаат научниците. Според нив, познато е дека овој вид на коронавирус е многу позаразен, но за среќа како што велат, не е посмртоносен, а прашањето што сега се поставува е колку се ефикасни вакцините во овој случај.

Експертите велат дека „делта“ сојот, прв откриенаво Индија, кој сега сочинува повеќе од 90 проценти од новите случаи на коронавирус во Велика Британија – предизвика загриженост затоа што се чини дека е нешто поотпорен на вакцините отколку „алфа“ варијантата, откриена во Кент, која претходно доминираше во Велика Британија.

Општо, вакцините против Ковид-19 се најефикасни против најтешките исходи, како што е смртта, и се помалку ефикасни против резултатите како што се асимптоматска инфекција, велат аналитичарите.

Ова е поддржано и со податоците собрани за двете главни вакцини што се користат во Велика Британија и за двете варијанти.

Според последните податоци, четири недели по единечна доза на која било вакцина, заштитата од „алфа“ варијантата е скоро 50 проценти. Сепак, што се однесува до варијантата „делта“, таа заштита е многу помала. Една доза на „Фајзер“ штити 36 проценти, а една доза на „Астра зенека“ штити околу 30 проценти, велат здраствените власти.

Според нив, две недели по втората доза, разликата во ефикасноста е голема. Вакцината на „Фајзер“ нуди 88% заштита од вирусот „делта“, а од „алфа“, сојот на коронавирус 94 проценти. Што се однесува до вакцината на „Астра зенека“, заштитата е околу 67 проценти, или 74 проценти по втората доза.

Што се однесува до вакцината на „Фајзер“, според здравствените експерти оваа вакцина е 94 % ефикасна против приемот во болница од „делта“ варијантата по само една единечна доза, и 96 проценти по две дози. Што се однесува до вакцината на „Астра зенека“, оваа ефикасност е 71 процент по единечна доза и 92 проценти по две дози.

Кога станува збор за „алфа“ варијантата, Фајзер е ефикасен 83 проценти против приемот во болница, или 95 проценти со двете дози, а што се однесува до „Астра зенека“, бројките се 76 проценти по една и 86 проценти по две дози.

Во моментов нема доволно податоци за да може точно да се одговори на горе поставеното прашање, но резултатите се очекува да бидат ветувачки, велат експертите.

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ