Утрински Весник
Македонија

Димитров на Самитот за Западен Балкан: Крајно време е за добри вести

Димитров на Самитот за Западен Балкан: Крајно време е за добри вести

Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​, реле вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров кој учествува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австриската министерка, Каролине Едштадлер.

Тематскиот панел беше фокусиран на размена на мислења за процесот на проширување на Европската Унија, при што се дискутираше за предизвиците во пристапниот процес на регионот во светлото на новата методологија за преговори, користењето на фондовите од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и стратешката комуникација на ЕУ со регионот.

Вицепремиерот Димитров истакна дека новата методологија за пристапни преговори може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност – и на земјите кандидати, и на Европската Унија.

„Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни. Крајно време е Унијата да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови”, рече Димитров.

Можете да прочитате

Поплавена зградата „Нова Македонија“ – објектот е без електрична енергија

Мицкоски: Кога од СДС ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-тина луѓе, но без резултати

Левица: Пет домашни институции алармираа за дискриминаторскиот третман кон Левица, но Уставниот суд избра да го слушне само алармот на ДПМНЕ и СДСМ за да им ги покачат платите