Утрински Весник
Спорт

Серхио Рамос по 16 години заминува од Реал Мадрид!

Серхио Рамос по 16 години заминува од Реал Мадрид!

Сега нема дилема – Серхио Рамос го напушта клубот каде што беше капитен, Реал Мадрид, потврдија од „кралскиот клуб“, додавајќи дека ветеранот ќе го има своето збогување со клубот веќе утре.

Рамос по пристигнувањето од Севилја, одигра 671 натпревар за Реал Мадрид во кој постигна 101 гол (неверојатно за дефанзивен фудбалер), и освои 5 трофеи од Ла лига, 4 од Лигата на шампионите и 2 од Копа дел реј, или вкупно 22 трофеи со клубот.

Шпекулациите го поврзуваа Рамос со трансфер во својот стар клуб Севилја, но и со заминување надвор од Шпанија – Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Манчестер јунајтед беа во игра.

> Серхио Рамос по 16 години заминува од Реал Мадрид! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина