Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден и Путин очи во очи во Женева – заврши првиот дел од самитот

(Видео) Бајден и Путин очи во очи во Женева – заврши првиот дел од самитот
Dik 300x250 mk

Заврши првиот дел од состанокот меѓу претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин во Женева.

Пред почетокот на самитот САД-Русија, претседателот на Швајцарија им посака успешен дијалог на Путин и Бајден.

Американскиот претседател му рече на Путин дека средбата лице в лице е корисна и дека со Путин ќе разговара за прашања од сферата на потенцијалните соработници, но и за несогласувањата. Според него, американската страна се обидува да ги разјасни односите со Русија, каде има прашања од заеднички интерес.

Двајцата претседатели успеаја на кратко да се сретнат на почетокот на состанокот. Во моментот кога новинарите и снимателите требаше да ја напуштат просторијата каде што се одржуваше состанокот, Путин со насмевка му рече нешто на Бајден, по што и двајцата се насмеаја.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека разговорите меѓу двајцата претседатели зад затворени врати траеле речиси два часа.

Најавена е пауза пред почетокот на состанокот во поширок формат, изјави Песков.

„Преговорите во тесен состав завршија“, рече тој.

Бајден и Путин се состанаа во Женева и ова е нивна прва официјална средба како двајца претседатели. Тие разговараа во Вила Ла Гранж, за широк спектар на наталожени проблеми во светот и односите меѓу двете светски сили – билатералните врски, проблеми поврзани со стратешката нуклеарна стабилност, наводното руско мешање во изборите во САД, хакирање и други прашања, вклучително и соработка во борбата против Ковид-19 и регионални конфликти.

Како што е најавено, состанокот на двајцата лидери ќе трае четири до пет часа, со паузи и во различни формати, а потоа ќе се одржат одделни прес-конференции.

Бајден и Путин последен пат се сретнаа пред точно десет години, во март 2011 година, во Москва. Бајден тогаш беше потпретседател на САД, а Владимир Путин беше премиер на Русија.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени