Утрински Весник
Македонија

Отворен јавниот повик на СДСМ за самокандидирање за градоначалници

Отворен јавниот повик на СДСМ за самокандидирање за градоначалници

Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

Повикот со сите детали е достапен на веб – страната на СДСМ, а од утре ќе биде објавен и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.

„Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ“, рече Попов.

Како што кажа, дел од новитетите е што од секој кандидат треба да достави и детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ.

Можете да прочитате

Ренџерите од Маврово го извлекоа повредениот планинар од Кораб

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ!

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија