Утрински Весник
Спорт

Германија по ЕУРО ќе остане без Крос и Гундоган?

Германија по ЕУРО ќе остане без Крос и Гундоган?

Германија, со пораз од Франција (0:1), го започна настапот на ЕУРО 2020. Тековното првенство е последно на кое Германија ја предводи Јоаким Лев.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, „Билд“, објави дека ова првенство може да биде последно и за големите германски ѕвезди, Тони Крос и Илкај Гундоган.

Според овој извор, новиот селектор, Ханс-Дитер Флик, во редот за врска планира да игра со Џошува Кимих и Леон Горецка. Ова значи дека Крос и Гундоган би биле резерви што никако не им се допаѓа.

„По ЕУРО, овие двајца ќе размислат дали и понатаму ќе играат за репрезентацијата“, пишува „Билд“.

Во текстот се наведува дека Матс Хумелс и Томас Милер, од репрезентацијата ќе се простат по завршувањето на Светското првенство во Катар.

> Германија по ЕУРО ќе остане без Крос и Гундоган? <

Можете да прочитате

Македонија и Португалија одиграа нерешено

Ѓоковиќ: Не размислувам за крај на кариерата

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место