Утрински Весник
Свет

Кремљ не очекува конкретни договори на самитот Путин-Бајден

Кремљ не очекува конкретни договори на самитот Путин-Бајден

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден во Женева во среда не се очекува да донесе конкретни договори, но разговорите сепак ќе бидат корисни, изјави официјален претставник на Кремљ.

Двајцата лидери се состануваат за прв пат откако Бајден стана претседател, во време кога билатералните односи се на најниско ниво во последните неколку години.

Темите на дискусијата вклучуваат нуклеарна безбедност, климатски промени, сајбер безбедност и судбина на американските граѓани во руските затвори и руски државјани во американските затвори, рече Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика.

Двајцата лидери ја отворија можноста за размена на затвореници: двајца поранешни американски маринци притворени во Русија за Руси во затворите во САД. Москва, како што рече еден од адвокатите минатата година, сака да го види слободен Виктор Бут, руски трговец на оружје.

Пред состанокот, Ушаков им изјави на новинарите дека ја договорил агендата со советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.

„Не сум сигурен дека ќе бидат постигнати договори. Јас го гледам тој состанок со практичен оптимизам “, изјави Ушаков пред новинарите.

Во март, Бајден го нарече Путин „убиец“ и ја обвини Русија за неприфатливо однесување на неколку фронта, анализираат медиумите.

Во април, тој го повика Путин и предложи состанок за решавање на споровите.

Руско-американските односи потонаа по руската анексија на Крим во 2014 година. САД, исто така, ја обвинуваат Русија за мешање во претседателските избори во 2016 година и беа воведени санкции за руски компании и поединци.

„Ситуацијата е близу до критична точка. Секако, во тој контекст, треба да се стори нешто “, рече Ушаков, поранешен амбасадор во САД од 1998 до 2008 година.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен