Утрински Весник
Македонија

Платите на судиите ќе се зголемат за 15 отсто

Платите на судиите ќе се зголемат за 15 отсто

Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.

„ По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судии за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15%. Тоа зголемувањето ќе се одвиваат постепено, односно 10% оваа и 5% следната година“, изјави Маричиќ.

Според министерот за правда постигната е согласност разговорите да продолжат и согласно можностите да се овозможи дополнително зголемување за 5% во 2023 година, со што ќе се дојде до посакуваната цел за вкупно зголемување на платите на судиите од 20%.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи