Утрински Весник
Македонија

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН

Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, велат од Министерството за образование и наука, откако за проблемот претходно денеска информираше Сојузот на средношколци.

Од Министерството нагласија дека станува збор за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата, за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

МОН тврди дека преку писмен допис до училиштата, укажало на тоа уште пред крајот на учебната година.

„Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 проценти во случај на грешки и слично“, велат од Министерството.

Согласно Уставот и Законите за основно и средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.

 

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје