Утрински Весник
Македонија

Намален притисокот во болниците, од коронавирус низ целата држава се лекуваат 101 пациент

Во болниците од коронавирус се лекуваат 340 пациенти, во Скопје се хоспитализирани 23 нови

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ Македонија е 101 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Четворицата пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа, во главниот град,  дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 16 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 2, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Можете да прочитате

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Мицкоски: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евра