Утрински Весник
Македонија

20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 деца затекнати во возило кај Куманово

Пресметка меѓу мигранти кај Табановце, нападнати и ограбени Авганистанци

Дваесет мигранти од Бангладеш, меѓу кои 9 деца биле затекнати вчера во комбе на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“.

Со возилото управувал Љ.М.(44) од Скопје, кој е приведен од страна на полицијата.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците