Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пронајдена е малолетната Наташа – ја пронашле неколку деца кои учествувале во потрагата

Пронајдена е малолетната Наташа – ја пронашле неколку деца кои учествувале во потрагата
Img 7972

Успешно заврши потрагата по малолетната Наташа од кочанското село Оризари. Веста на социјалните мрежи ја објави Елена Кузманова, која претходно го сподели и апелот за помош за потрагата по 16-годишното девојче. Наташа е пронајдена од неколку момчиња кои учествувале во потрагата во близина на куќата каде живее, по што е пренесена во болница за да и се направат прегледи.

„Господ е голем. Наташа Николова е пронајдена! Ви благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте на било каков начин!!”, напиша Кузманова.

Претходно, два дена се трагаше по девојчето, дури и во лошо временски услови. Освен МВР, во потрагата беа вклучени доброволци кои се одзвале на апелот од социјалните мрежи, пријатели, роднини. Се пребаруваше и на Гоцева шума, каде последно биле слушнати гласови.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива