Христијан Мицкоски повторно доживеа нов дебакл на своите протести, граѓаните му дадоа до знаење дека не сакаат блокади, порача владејачкиот СДСМ.
„Едвај десетина членови на ВМРО-ДПМНЕ и толку автомобили присуствуваа на протестите на Мицкоски, други луѓе немаше.
Граѓаните покажаа дека не поддржуваат блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите и манипулациите кои излегуваат од белата палата.
Самиот факт дека овие издишани протести се случуваат во време кога тече дипломатската офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес е силна потврда дека Мицкоски се плаши дека државата може да направи сериозен исчекор кон ЕУ.
Мицкоски чувствува страв од можен успех на државата, од спроведување на стратешките интереси.
Затоа лидерот на антидржавната партија константно измислува непостоечки сценарија, шири паника и лажни вести, затоа блокира значајни процеси во Собранието, затоа организира протести на кои само неговите соработници му го чуваат стравот.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да продолжат да кочат и да блокираат, но тоа нема да го промени фактот дека тие секогаш се на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Јавноста треба да знае дека ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ниту кога ситуацијата е тешка и неизвесна.
Како одговорна и државотворна партија продолжуваме да работиме за граѓаните, за државата за иднината“, се наведува во соопштението на СДСМ.