Утрински Весник
Македонија

Заев во посета на Тирана

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места

Претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.

Премиерот ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово,Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

Заев заедно со премиерот Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.

Премиерот Заев попладнето и свечено ќе го отвори Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.

Можете да прочитате

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога