Утрински Весник
Спорт

Мурињо во кариерата освоил 25 и пол трофеи

Мурињо во кариерата освоил 25 и пол трофеи

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, жали што не успеал да освои трофеј со Тотенхем. Португалецот пред неколку месеци доби отказ во северен Лондон, непосредно пред финалниот меч во Лига купот против Манчестер сити.

Мурињо е човек кого поради изјавите што ги дава новинарите го обожуваат. Познат е и како човек кој често се фали со трофеите што ги освоил во кариерата. Последната негова изјава е на таа тема.

„Сакате да знаете колку трофеи сум освоил во кариерата? 25 и пол. Ова пола е финалето на Купот што не го одиграв со Тотенхем. Разочран сум, бидејќи имав можнст да освојам титула, со тим што не освојува трофеи. За многумина тоа ќе беше остварување на сништата“, рекол Мурињо.

> Мурињо во кариерата освоил 25 и пол трофеи <

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија