Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Верувам дека е можен политички договор за изборниот законик

Маричиќ: Верувам дека е можен политички договор за изборниот законик

Министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата за „Изборни реформи во Северна Македонија“ истакна дека по иницијатива на Министерството за правда сите засегнатите страни седнале на заедничка маса со цел да се најде модел по кој ќе се направи промената на Изборниот законик. Според него, со тоа се дава дополнителна вредност за демократијата и демократските процеси во земјата.

„До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме многу блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел“,потенцираше министерот Маричиќ.

Според него, генерално меѓу сите политички партии има согласност за промена на изборниот модел, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или, пак, треба да има и втор круг.

Министерот верува дека партиите ќе продолжат и наредниот период уште поинтензивно и конструктивно да разговараат за ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата манипулира со бројките за извозот – вистината е дека економијата назадува

ЦУК: Гори над граничниот премин „Блаце“, побарана е авионска поддршка за гаснење

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс