Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Мицкоски доживеа дебакл на протестите

Костадинов: Мицкоски доживеа дебакл на протестите

Христијан Мицкоски вчера доживеа дебакл на своите протести, граѓаните потврдија дека не сакаат блокади, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Вчерашните протести на Мицкоски беа со едвај 13 членови на ВМРО-ДПМНЕ и 14 коли, немаше никој друг. Граѓаните покажаа дека не се за блокади и саботажи, народот одамна не им верува на лагите од белиот дворец. Фактот што овие издишани протести се случуваат во период кога во тек е дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтегративниот процес покажува дека очигледно Мицкоски чувствува страв од тоа дека државата може да направи исчекор кон ЕУ“, рече Костадинов.

Според СДСМ, опозицискиот лидер се плаши од можен успех на државата, па затоа „шири лажни вести, измислува непостоечки сценарија, блокира важни процеси во Собранието,  организира протести на кои неговите соработници треба да му го чуваат стравот“.

Костадинов додаде дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да продолжат да кочат и блокираат, но тоа нема да го смени фактот дека се на погрешната страна од интересите на граѓаните и државата.

Можете да прочитате

Поради возење без возачка, одземени две возила во Кичево и Струшко

ПР тимот потврди: Кајмакоски е во добра состојба и по повеќечасовен разговор со полицијата се вратил дома

Николовски: Ќе се бара конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец