Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ ќе објави повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници

СДСМ ќе објави повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници
Img 7972

Во текот на овој месец, согласно одлуките на Централниот одбор вечерва, ќе објавиме повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници коишто имаат желба, капацитет, коишто знаат како да ги водат општините, најави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој кажа дека партијата ќе ја води предизбодната кампања за локалните избори под слоганот „Најдоброто за нашата општина“.

„Почнуваме со маалски средби во четврток, 10 јуни, до крајот на јули, околу 250 маалски и урбани средби со претставици на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде ширум државата“, рече Николовски.

Тој најави дека караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започнува во петок, на 11 јуни, од Скопје.

„Започнува инклузивна, отворена, демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници на СДСМ за локалните избори. СДСМ по сите истражувања е фаворит на изборите, но затоа кадровската и програмската понуда сега се наш целосен фокус. „Најдоброто за нашата општина“ е нашата главна и клучна цел, најдоброто за граѓаните, тоа е СДСМ. Оттука во критериумите кои ги одреди Централниот одбор токму тоа е клучно, кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината“, изјави Николовски.

Тој кажа дека секој кандидат за градоначалник треба да достави детална програма со предлог идеи, проекти и визија за развој на општината или градот Скопје за периодот 2021-2025 година.

Можете да прочитате

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење