Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството повторно го покажа лицемерието према тутунопроизводителите

ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството повторно го покажа лицемерието према тутунопроизводителите

Пратениците на СДСМ и ДУИ гласаа против предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од пратеничката група.

„Овој предлог-закон предвидуваше многу решенија за проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите. Законот го продолжува рокот за организираниот редовен откуп на тутун од 28 февруари да биде на 31 март со цел да не останат неоткупени количини на тутун во иднина. Исто така го регулира увозот на нефетментиран тутун со цел да се заштити домашното производство“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозицијата, СДСМ со гласањето против покажал дека се против заштита при склучувањето договори за тутун и покрај поднесените приговори. Нивното гласање против, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во иднина ќе резултира со намалување на договорите за откуп на тутун, но исто така ќе придонесе и за намалување на количинат произведен тутун и откупен тутун што не е во интерес на тутунопроизводителите на коишто ова им е основа егзистенција.

Можете да прочитате

Демир Капија ја забрани водата за пиење и готвење

Втора жртва од Западен Нил: 24 пациенти на Инфективна, петмина на механичка вентилација

(Видео) МВР во голема акција со Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана