Утрински Весник
Економија

Штедачите од „Еуростандард“ пред Пендаровски побараа целосно парично обесштетување

Штедачите од „Еуростандард“ пред Пендаровски побараа целосно парично обесштетување

Претседателот, Стево Пендаровски, оствари средба со преставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

На средбата преставниците на здружението го запознаа претседателот Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката.

Пендаровски ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи.

Можете да прочитате

Народна банка: Финансиската стабилност е задржана

Левица: Ново задолжување од 1,3 милијарди евра 

Дата-центрите како двигател на новиот економски развој