Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград на 11 јуни ќе бидат прикажани и два музички документарни филмови за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков.
Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот со акцент на Македонија.
Фестивалот Докенритам, кој е фестивал за музички документарни филмови, ќе се одржи во Студентскиот град во Белград од 8-11 јуни и чија програма покрај филмската се состои од дебати и промоции на книги.
Гостувањето претставува соработка помеѓу здружението Номад-Арт од Скопје и фестивалот Докенритам.
Текстот Филмови за Кирил Џајковски и The Hip ќе се прикажат на фестивалот Докенритам во Белград е превземен од МАКФАКС.