Милиони дози вакцини ќе пропаднат доколку богатите земји го испратат својот вишок во сиромашните земји одеднаш, предупредува Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
УНИЦЕФ посочува дека е потребно постојано снабдување со вакцини во текот на годината, бидејќи посиромашните земји немаат ресурси за краток рок да ги користат сите вакцини.
Предупредувањето го поддржаа светски познати личности, вклучително и американската кантавторка Били Ајлиш и поранешната ѕвезда на англискиот и светскиот фудбал, Дејвид Бекам.
Познати личности потпишаа писмо до земјите-членки на Г7 во кое бараат богатите земји да донираат 20 проценти од резервите за вакцини до август.
„Пандемијата нема да биде поразена се додека не биде совладана ширум светот“, изјави Дејвид Бекам.