Утрински Весник
Култура

Изложба „Самоуки 2021“ во Куманово

Изложба „Самоуки 2021“ во Куманово

В четврток, со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде претставено најновото издание на традиционалната ликовна манифестација „Самоуки 2021“.

На отворениот конкурс којшто беше објавен во почетокот на месец мај се пријавија дваесеттина автори со повеќе свои творби но стручната комисисија при Центарот за учество селектираше 18 автори коишто ќе бидат претставени со четириесеттина дела – слики, цртежи и скулптури.

Иницијативата за организирано претставување на неакадемски ликовни автори се јави при крајот на деведесеттите а во Центарот прва изложба од овој вид е реализирана уште во далечната 1991 година. Интересот за учество на оваа изложба е голем бидејќи претставува можност за презентирање на неакадемските уметници пред пошироката публика којашто редовно е присутна на оваа манифестација во Изложбениот салон бидејќи се работи за творештво продуцирано од самите граѓани на општината.

Изложбата ќе биде поставена до 24.06.2021.

Текстот Изложба „Самоуки 2021“ во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“