Утрински Весник
Свет

Американски извештај: Коронавирусот можно е да протекол од лабораторија во Вухан

Американски извештај: Коронавирусот можно е да протекол од лабораторија во Вухан

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ.

Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата година и испратена до американскиот Стејт департмент кога се истражуваше потеклото на пандемијата, за време на последните месеци на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Проценката на американската лабораторија дека вирусот „избегал“ од лабораторијата, според „Волстрит џурнал“, произлегла од анализа на геномот на вирусот Ковид-19, меѓутоа, лабораторијата на Лоренс Ливермор одби да го коментира написот.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај рече дека побарал помош за да најде одговори за потеклото на Ковид-19.

Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина