Утрински Весник
Македонија

Бабовски: Продолжен рокот за попис на пчелни семејства

Бабовски: Продолжен рокот за попис на пчелни семејства

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.

„ Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор“ изјави Бабовски.

Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни смејства во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС), е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.

Можете да прочитате

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица

Почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков