Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Кери Малиган ќе игра во филм за скандалот со Харви Вајнстин

Кери Малиган ќе игра во филм за скандалот со Харви Вајнстин
Img 7972

Првиот холивудски игран филм кој се фокусира директно на скандалот со  Харви Вајнстин треба да започне со продукција на лето, соопшти во понеделникот „Јуниверзал пикчрс“.

She Said („Таа рече“) се базира на истоимената книга од 2019 година за истрагата на „Њујорк тајмс“ за тврдењата за сексуално вознемирување и напади од страна на озлогласениот продуцент.

Кери Малиган и Зои Казан се во завршни преговори да ги глумат двете новинарки – Меган Твохи и Џоди Кантор – кои ја напишаа книгата и добија Пулицерова награда за нивното известување во октомври 2017 година за оваа сторија.

Околу 100 жени, кои со децении соработувале со Вајнстин како продуцент, го обвинија за силување, сексуално вознемирување и заплашување откако првичните наводи се појавија во „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“.

Вајнстин, кој негираше дека имал неконсензуален секс, беше осуден во Њујорк во март 2020 година на 23 години затвор за силување и сексуален напад врз две жени.

Книгата „Таа рече“ ги следи повеќемесечните истраги и правните пречки со кои се соочуваа двете новинарки за да ги објават своите извештаи.

Иако скандалот со Вајнстин, една од најмоќните фигури во Холивуд, беше тема на неколку документарни филмови и ТВ-емисии како „Асистент“ и „Утринско шоу“, „Таа рече“ е првиот долгометражен филм заснован врз тврдењата против продуцентот.

Филмот ќе го режира Германката Марија Шрадер.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време