Утрински Весник
Македонија

Утре пороен дожд и грмежи

Утре пороен дожд и грмежи
Dik 300x250 mk

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени, јави УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.

Можете да прочитате

Вајц: Прашања поврзани со идентитетот го блокираат македонскиот напредок на европскиот пат

Товарниот сообраќај спрема ГП Блаце е пренасочен

Облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд