Утрински Весник
Македонија

Блокада до четврток на неколку крстосници во Скопје поради протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Блокада до четврток на неколку крстосници во Скопје поради протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Од утре до четврток, во временскиот период од 15 до 17 часот во Скопје најавени се протести организирани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поради што во овој временски период за сообраќај ќе бидат затворени – крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница).

Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана